Бугарското министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека до моментот нема информации дека на бугарска територија е лице кое е поврзано со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.
„Немаме податоци дека за него има меѓународна потерница“, соопшти бугарското МВР.
Информацијата дека осомничениот за убиството на Вања и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски Палчо е во Бугарија, ја соопштија денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и основниот јавниот обвинител Гаврил Бубевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски веќе има пет кривични и прекршочни, меѓу кои и за носење на оружје
Палевски го однесов во Белград за на преглед, не знаев за убиствата, вели неговиот адвокат Стојков
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.