еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови девет лекови на Позитивната листа, доминираат оние за кардиолошки заболувања бидејќи се најчести

Девет лекови меѓу кои за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција, стануваат дел од позитивната листа, информираше министерот за здравство, Арбен Таравари. Лековите за кардиоваскуларни заболувања доминираат, бидејќи тие се најчести во земјава.

„Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања што имаат активна регистрација во нашата држава, девет генерици претставени преку 87 лекови. Помеѓу нив, опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција,“ рече Таравари.

Министерот посочи дека во процесот биле ангажирани експерти кои работеле на неколку законски измени, изработка на нов правилник со европски практики и нова методологија за ставање на лекови на позитивна листа.

Тој потенцираше дека ова е само почеток на процесот на проширување на позитивната листа.

Таравари дополни дека се надева дека со новиот буџет следната година позитивната листа повторно ќе биде дополнета и ги повика сите фармацевтски компании да продолжат со нивните апликации за ставање на нови лекови на позитивната листа.

Во врска со онколошките препарати, министерот информираше дека трошоците за онколошките пациенти и пациентите со хепатит Б или Ц се покриени согласно дополнителниот условен буџет.

„Ниеден онколошки пациент, или хемотолошки, или со хепатит Б и Ц не плаќа приватно, туку и тоа го покрива ФЗОМ, односно Министерството за здравство. Така што,тие не се во позитивна листа, меѓутоа се условени буџети со кои ФЗОМ ги покрива трошоците на онколошките пациенти, хематолошки болести и други кои што се посериозни,“ рече Таравари.

Професор Димче Зафиров од Институт за предклиничка и клиничка фармакологија дополни Комисијата разгледува огромен број на лекови токму од оваа област.

„И тоа најсовремената терапија, моноклоналните антитела, меѓутоа кои што имаат и најголеми финансиски импликации. Како што кажа и министерот, најголем дел од тие се веќе на условен буџет, меѓутоа со работата на комисијата се надеваме дека ќе дојдеме, сега не можеме временски да кажеме кога, се ќе зависи од финансиските можности,“ рече Зафиров.

Мерием Хаџихамза, советник за фармацевтски политики во Малмед, појасни дека Комисијата работи согласно барањата поднесени од носителите на одобрение за ставање на лек во промет.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина велосипедист по удар од возило во Тетово, возачот избегал

Редакција

Таравари не дојде на седницата на Централното собрание на АА, на која се изгласа инцијатива за негово разрешување

Редакција

Жена се фрлила во Вардар, потрагата во тек

Редакција