еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Ново детско катче од „Спорт лајф“ за учениците од „Песталоци“

„Sport Life” обложувалниците дел од „STH“ холдинг групацијата, ја овозможија реализацијата на новото Детско катче во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар, Скопје, информираат од таму.

Донацијата на „Sport Life” овозможи поставување на комплетно нови реквизити за децата, како клацкалки и лулашки и обнова на тревното игралиште за фудбал, по најсовремени стандарди, со нова подлога и мали голови со мрежа.

„Донацијата е дел од нашата визија за спортска нација и за подобрување на условите за развој на спортскиот дух кај децата уште од најрана возраст. Овој пат се работи за обновување на малото игралиште за фудбал, за учениците од основното училиште „Песталоци“ и поставување на ново детско катче. Се надеваме дека оваа донација ќе придонесе за нови успеси и на образовен и на спортски план на училиштето и нивните ученици,“ изјави Петар Поцков, маркетинг менаџер.

„Sport Life” обложувалниците дел од „STH“ холдинг групацијата, досега имаат реализирано бројни донации како: обнова на спортски игралишта во училиштата, поддршка на спортски клубови и натпревари, набавка на спортска опрема и сл., но и проекти за поддршка на социјално ранливите категории, и на традиционалните културни манифестации во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Република Турција-учесник на претстојниот Саем на книга

Редакција

Државна лотарија со мерки за заштита на играчите и вработените

Редакција

Радио МОФ го освои првото место на ЕУ наградите за истражувачко новинарство за 2020 година

Редакција