еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Витаминка со донации за лицата со посебни потреби

Во период на вонредна состојба во државата, Витаминка продолжува со нови донации онаму каде што има потреба.

Овој пат тоа се здруженија и центри за лица со посебни потреби. Минатата и оваа недела, компанијата достави поголема количина на пакети со прехранбени производи до Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака” од Прилеп и од Штип, во Дневниот центар за лица со целебрална парализа и аутизам од Прилеп, Здружението „Сплотени срца” од Штип и во Дневниот центар за лица со посебни потреби „Sуница” Прилеп.

Донацијата е со цел во ова време на вонредни услови да им се обезбедат на членовите на овие здруженија прехранбени производи и со тоа да се овозможи и помогне да се пребродат овие тешки моменти.

„Во услови кога целата држава, сите институции и граѓаните се соочуваат со големи предизвици предизвикани од Ковид-19, Витаминка неуморно помага излегувајќи пресрет секаде каде што е потребно.

Неодамна компанијата реализира донација вредна 3,5 милиони денари што ја насочи кон Министерството за здравство, локални здравствени установи, здруженија и организации за социјално загрозени семејства и граѓани,“ информираат од таму.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финансиска донација за Министерствoто за здравство од маркетерите на Lyconet

Редакција

Утре ќе се промовира книгата „Пропаст“ од бугарскиот писател, Владимир Зарев

Редакција

Убава вест: Докторка од Куманово излекувана од коронавирусот по 44 дена

Редакција