еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Вистинска предновогодишна атмосфера во Diamond Mall, со програма наменета за сите возрасти

Во пресрет на новата година, Diamond Mall подготви богата програма која со својата содржина ќе ги освои посетителите од сите возрасти, информираат од таму.

Оваа новогодишна програма ќе се реализира за време на деновите од следните три викенди и ќе содржи најразличен вид настани, бројни музички концерти и забавни активности, кои треба да придонесат за креирање на вистинска предновогодишна атмосфера во главниот град.

Програмата започнува оваа сабота, на 16. декември, со неколку активности за најмладите кои ќе се случуваат во „Зоната на соништата“ (Dream zone). Таму децата ќе имаат можност да го завртат тркалото на среќата и да добијат подароци, да бидат дел од едукативна тура и да учествуваат во караоке забава со пињата.

Вечерните часови се резервирани за концертот на музичката ѕвезда Лозано, кој од 21 до 22 часот ќе ги испее своите најголеми хитови.

Веќе следниот ден, во недела 17. декември, најмладите ќе имаат можност да се радуваат на изведбата на нивните омилени песни од фестивалот „Поточиња“, по што ќе следува двочасовно шоу со маскоти, додека во „Зоната на соништата“ повторно ќе се организира Среќно тркало со подароци и караоке забава со пињата.

Во попладневните часови, со почеток во 18.00 часот, квартетот „Авис“ ќе одржи празничен концерт.

Новогодишната програма продолжува и следниот викенд. Во саботата, на 23 декември посетителите во „Зоната на соништата“ ќе ги забавува магионичар, а ѕвездите на „Teen Camp“ ќе се дружат и ќе пеат со своите обожаватели.

Во неделата, на 24. декември напладне предвиден е концерт на „Златно славејче“, а од 13 часот и концерт со најдоброто од групата „ДНК“, по што следува и магионичарско шоу во популарната „Зона на соништата“.

Новогодишната програма ќе заврши на 30. декември, со новогодишна музичка претстава на „Дајте музика“ што ќе почне на пладне, како и вечерен концерт на популарното дуо Пајак и Лара, кое ја одбележа годината што изминува.

Деталниот распоред на активностите во рамки на новогодишната програма на Diamond Mall може да се види тука.

Настаните што се дел од оваа програма совршено се надополнуваат на целокупната понуда и амбиент на Diamond Mall и истовремено придонесуваат за создавање на вистинска магија, карактеристична за овој период на годината, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Моторџиите на протестот порачаа: Обвинителите и судиите со одлуките за условни казни, директно влијаат на хаосот на улиците во кои гинат невини луѓе

Редакција

(Галерија) Bocca Di Lupo: Нова софистицирана приказна со вкусна храна, пријатна музика и уникатен изглед

Редакција

Убава вест: 348 оздравени од Ковид-19

Редакција