еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство бара продолжување на притворот на четворица за палење на македонското и албанското знаме

Основното јавно обвинителство Скопје информираше дека ја завршило постапката и до надлежниот суд поднела обвиненија против вкупно четири лица кои во различни настани во изминатите денови извршиле дејствија кои содржат елементи на кривичното дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик.

За четворицата на кои во текот на претходната постапка им беше определен притвор, јавните обвинители побарале од Основниот кривичен суд Скопје да им ја продолжи притворската мерка.

-Тројца од обвинетите на 28. ноември, по повод прославите на Денот на албанското знаме, со палење, уништување и кинење на државното знаме на Република Северна Македонија предизвикале чувства на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност и го изложиле на подбив националниот симбол.

Четвртиот обвинет, неколку дена подоцна, на 2. декември, со палење го оштетил знамето на друга држава – Република Албанија, со што исто така предизвикал омраза и нетрпеливост.

Дејствијата на сите обвинети предизвикале говор на омраза што на критичните денови се манифестирал особено на социјалните мрежи со тенденција да прерасне во нови инциденти на насилство, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведено 20-годишно момче кое во Скопје се обидело да го запали албанското знаме

(Видео) Уништено македонското знаме на прослава на албанското знаме во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфлацијата во февруари 3%

Редакција

УХМР: Јули бил екстремно топол, со врнежи многу под просечните

Редакција

Во Македонија се уште е присутен и делта сојот на Ковид-19

Редакција