Новиот градоначалник на Кочани, Венко Крстевски на својата прва прес-конференција кажа дека состојбата во локалната управа и во самата Општина е алармантна.
-Една од првите одлуки што ќе ја потпишам е 3 милиони денари за несреќата во Кочани.
Состојбата во локалната управа и во самата Општина е алармантна. Затечена е хаотична состојба со нецелосни проекти.
Таква е и во комуналното претпријатие, не се знае дали имаме директори, немаме технички директор.
Катастрофална е и состојбата со човечките ресурси и во пожарната. Потребниот минимум е 32 пожарникари, а ние имаме 16.
Едноставно целата ситуација е таква каква што е, кажа Крстевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Венко Крстевски, кој е избран за в.д. градоначалник на Општина Кочани
Венко Крстевски избран за в.д. градоначалник на Општина Кочани