еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одбележување на 76 годишнината од прогонството на Македонците од Егејскиот дел на Македонија

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија Македон, денеска во 11 часот, пред Споменикот на децата бегалци во Жена-Парк карши Собранието, ќе се одбележи 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76 годишнината од прогонството на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, на денот на упокоението на Свети Методиј Солунски на 19/6 април 885 година.

Македонската национална химна „Денес над Македонија” ќе биде во изведба на оперскиот пејач Кристијан Антовски.

Присутните ќе положат свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.

Фото: Фејсбук/Македон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Кичево два нови случаи со корона вирусот

Редакција

(Галерија) Делегација на романската Амбасада во посета на Алкалоид

Редакција

Груевски и Божиновски да бидат прогласени за виновни, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ да биде одземено, предлага Обвинителството за случајот „Талир 2“

Редакција