Одлична панк-рок сензација од Монпеље, Франција, Les Lullies во живо за прв пат во Македонија, ќе настапат во Котур кафе и филм, во Скопје, на 16. јуни во 21 часот.
„Настанати во далечна 2016 година, суштината е јасна, запали го комбито, иди насекаде и свири рокенрол!
Првото EP, снимено од Маrc Hacquet, е издадено во февруари 2017 од шпанската издавачка куќа Discos Meteoro.
Второто, снимено во Swampland од Lo Spider, достапно е од ноември 2017 на Slovenly Recordings (САД). Првото LP, издадено исто така од Slovenly, е пуштено во продажба во октомври 2018.
Но, бендот со константни турнеи и свирки, со енергетични, живи, возбудливи шоуа, ја добиваат својата публика,“ велат организаторите.
Бендот има настапено насекаде во светот, цела Франција, Европа, Обединето Кралство, така и преку „езерцето” во САД и Канада. Имаат настапено на фестивалите: We’re loud, Funtastic Dracula Carnival, Bule Bule Toga Fest, Cosmic Trip, Fuzz- ville, Binic Folk Blues Festival, и ред други.
Ја имаат поделено бината со The Hives, New Bomb Turks, Jim Jones All Star, и безброј други артисти.