Бугарскиот претседател Румен Радев оцени дека одлуката на Европската Унија (ЕУ) за одделување на Македонија и Албанија во преговорите е „логична последица“ поради политиките на Владата на Скопје.
Тој за БНР изјави дека власта во Скопје оди во спротивна насока на евроинтеграциите.
„Бугарија ќе продолжи да помага, но мора да има свесност за тоа што значи Европската Унија и како да се работи за да се постигне тоа како што Република Северна Македонија си го постави како национална цел,” изјави Радев.
Тој потсети дека Преговарачката рамка од 2022 година многу јасно кажува дека кога Македонија ќе ги внесе Бугарите во Уставот, дури тогаш ќе почнат преговорите за пристапување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Задоволство во Бугарија оти Македонија ќе се одвои од Албанија на европскиот пат
Фото: Кабинет на претседателката