Добивката пред оданочување на Макстил АД Скопје во првото пологодие од годинава е 169 милиони денари, и истата бележи пад од 17% во споредба со остварената во првото полугодие од 2023 година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Нето добивката изнесува 151 милиони денари и е за 18% пониска од остварената за истиот период минатата година.
-Намалувањето на добивката воглавно се должи на намалената реализација кај продажбите по договор за преработка и зголемените трошоци за амортизација заради активираните инвестиции во изминатиот период.
Во периодот кој следи не се очекуваат позначајни промени во делот на продажните цени и трошоците за производство, односно продажните цени се очекува да го следат веќе започнатиот тренд, велат од таму.
Друштвото за овој период има приходи од работење во износ од 4,06 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со дури 99%.
-Споредено со истиот период од 2023 година остварените приходи од работењето (4,23 милијарди денари) се пониски за 5%. Намалените приходи воглавно се должат на количинско намалување на продажбите по договор за преработка.
Во првите шест месеци од работењето остварените расходи изнесуваа 3,61 милијарди денари, од кои трошоците за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи учествуваат со 91%. Споредено со истиот период во 2023 година остварените расходи од работењето (3,78 милијарди денари) се пониски за 5%, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Duferco Skop SA купи уште 9.000 акции на Макстил
Duferco Skop SA купи 35.592 акции на Макстил