еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пад на извозот за 5,7%

Од Државниот завод за статистика информираа дека вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот од јануари до август 2024 година изнесува 5.190,2 милиона евра и бележи пад од 5,7 отсто во однос на истиот период лани.

Вредноста на увeзената стока е 7.341,3 милиони евра, што е за 0,6 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит е 2.151,2 милиони евра, а покриеноста на увозот со извоз 70,7 отсто.

Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821,1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – август 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети го спореди случајот „Рекет“ со народната изрека „алчноста го уништува човекот“

Редакција

Западен Балкан еден од приоритетите во надворешната политика на Бајден

Редакција

(ВИДЕО) Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога, запленети околу 200 килограми марихуана и приведени две лица

Редакција