еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Палевски од Турција планирал да оди зa Москва преку Минск

Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, планирал додека избега во Турција, од таму да замине за за Минск, Белорусија и за Москва, Русија, наведоа од Основното јавно обвинителство Скопје на денешното рочиште.

Од одбраната на Палевски по завршувањето на рочиштето посочија дека не ги виделе пораките што наведуваат дека планирал да оди таму.

На рочиштето беа изведени и неколку докази вклучувајќи и предмети собрани од местото на настаните, како и извештаи од техничката обработка на возилото „рено кангу“.

Меѓу доказите беа презентирани работни ракавици и отпушоци од цигари пронајдени во пластична чаша во подрумските простории на улицата „Наум Наумовски Борче“, јакна, која според обвинението, ја носел другиот обвинет Влатко Кешишов, вреќата во која бил закопан Жежовски, лопата и други предмети.

Кај Палевски пак при претрес, биле пронајдени различни документи и комуникации на социјалните мрежи, беше презентиран и вешт наод за него од психијатарот Александар Марцикиќ, како и потврда дека тој е претходно осудуван.

Обвинителството предложи и изведување на шест ЦД дискови со снимки од безбедносни камери поставени во куќата на обвинетиот Велибор Манев, кои го опфаќаат период од 20 ноември до 3. декември 2023 година. Според Обвинителството, истите прикажуваат активности поврзани со убиството на Жежовски.

Одбраната на Палевски се спротивстави на изведувањето на овие докази, тврдејќи дека не се наведени во официјалната листа, па побара дополнително време за увид. Поради тоа, судот го одложи рочиштето за 21. февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски повторно побара изземање на Крстевска-Јосифовска, но и на Бубевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Странски турист се удави попладнево во Охридско Езеро

Редакција

(Фото) Велигденска забава во Зоолошката градина: Лемурите „се кршеа“ со јајца

Редакција

Македонскиот јазик е признаен од 26 земји членки, што значи дека ќе биде и официјален јазик на ЕУ, тврди словенечкиот амбасадор Предан

Редакција