еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Палевски повторно побара изземање на Крстевска-Јосифовска, но и на Бубевски

Првообвинетиот за убистиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски Палчо и денеска побара изземање на обвинителите кои го застапуваат предметот, Жаклина Крстевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска, но и на шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски.

Палевски претходно освен на обвинителката Крстевска-Јосифовска, бараше изземање и на целото Основно јавно обвинителство, но тоа му беше одбиено.

Бара нивно изземање, бидејќи според него ги фалсификувале доказите и биле пристрасни во водењето на постапката.

Судијата Ивица Стефановски го нотираше барањето, по што рочиштето продолжи со изведување докази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски од Турција планирал да оди за Москва преку Минск

Фото: Палевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Сашо Мијалков „во друштво“ на братучедот Груевски меѓу бегалците на сајтот на МВР

Редакција

Утре почнува судењето за шестмина обвинети за насилните протести за пресудата за „Монструм”

Редакција

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Редакција