На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Скопје, првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо кажа дека на денот кога била убиена Ѓорчевска бил во експозитурата на Халк банка во Буњаковец.
Таму извршил трансакција во 11.44 часот, за што приложи и уплатница.
Според Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Ѓорчевска до 9.30 часот веќе била убиена.
Тој побара од Кривичниот суд Скопје да се обезбеди снимка од камерите на Банката за да се види во колку часот точно дошол таму и колку време се задржал.
Од Обвинителството се спротивставија на ваквиот предлог, посочувајќи дека Палевски е регистриран на камерите од Сејф Сити во возилото “рено кангу“, а трансакцијата во Банката се случила после 11 часот, односно по убиство на девојчето.
Одбраната на Палевски пак реагираше дека тој не можел да биде на две места во исто време, потенцирајќи дека на снимките кои ги презентираше ОЈО Скопје, не се гледа неговиот лик.
Судот го прифати барањето за снимките, но го одби барањето на одбраната на Палевски за анализи на базните станици од неговиот телефон и одземеното оружје од Видевски.
Судењето продолжува на 7. март.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не е најден пиштолот на обвинетиот Боре Видевски
Фото: Палевски/Фејсбук