Патарините во Србија од вечерва на полноќ поскапуваат за 10%.
Цената на патарината на автопатот Белград-Ниш, по кој што граѓаните на Македонија најчесто поминуваат ќе изнесува 1.130 динари.
Патарината на патот од Белград до Димитровград ќе изнесува 1.670 динари, на патот Белград – Суботица ќе биде 800 динари, а на патот Белград до Шид, 500 динари.
Од Обреновац до Прељина новата цена на патарината ќе биде 560 динари, од Белград до Врбас ќе платите 470 динари, а од Белград до Баточина 500.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.