еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Петмина повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Шпанија и Грција се враќаат денес

Министерот за здравство, Арбен Таравари информираше дека денеска во Македонија се враќаат петмина повредени во пожарот во Кочани, кои се лекуваа во странство, четворица од Шпанија и еден од Грција.

Во првите 24 часа ќе им биде направена тријажа и ќе бидат сместени на скопските клиники, каде ќе бидат под надзор.

Моментално вкупно во државата се лекуваат само 23 повредени, над 20 веќе се на домашно лекување.

Во Клинички центар има четворица поврдени, двајца на Пластична хирургија и двајца на Токсикологија.

Во старата Градска болница се шест повредени, во болницата „8. Септември„ девет, од кои за еден ќе има испис денеска, а во Систина се четворица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дарко Стојанов е првиот повреден од пожарот во Кочани, кој се врати од лекување во странство

Јован спасил 21 лице од пожарот во Кочани благодарение и на часовите за прва помош кои неодамна ги имал

(Видео) Аплаузи и прегратки за херојот Јован, кој излезе од болница

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

30 евра за патниот лист за да се вратите во Македонија со пасош без „Северна“

Редакција

Рама: Доколку Бугарија продолжи да става вето, отворено ќе побараме одвојување од Македонија

Редакција

Облачно со дожд на Велигден

Редакција