Министерство за здравство информира дека е извршена трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено, кај кој претходно е направена реконструкција на антеролатерален лигамент на истото колено.
„За реконструкцијата на преден вкрстен лигамент беше искористен алографт од пателарен лигамент, добиен од починат донор. Ова е шеста реконструкција на преден вкрстен лигамент на колено со користење алографт, изведена на Универзитетската клиника за ортопедија.
Оперативната интервенција ја изведе доц. д-р Алан Андоновски со својот тим асистенти д-р Мики Ѓорески и д-р Корнелија Ѓорѓиеска, анестезиолог д-р Мики Филев, д-р Ивана Колевска со анестетичар Гордана Захариева, инструментарка Кристина Реџеп и помошен персонал Шехиде Селмани и Дардан Селмани„, информираат од таму.
Фото: МЗ