еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Тетово двајца починати од Ковид-19, на кислородна поддршка се 14 пациенти

Двајца пациенти во ковид-центарот во Тетово починале во изминатите 24 часа, информираат од тетовската болница. Починатите се на 72 и 88 години.

– Во моментот има вкупно 15 хоспитализирани, од кои 14 на кислородна поддршка и еден на неинванзивна вентилација. За 24 часа се направени 19 прегледи во амбулантскиот дел на ковид центарот. Примени се двајца нови пациенти, информира Д-р Миранда Пајазити.

Во Тетово според податоците на Институтот за јавно здравје активно болни се 932 лица. Од вкупно 10.798 луѓе кои биле дијагностицирани со Ковид-19, починале 494 лица.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

10 македонски државјани се вратија преку Атина, Подгорица и Истанбул, евакуација од Израел чекаат уште 100

Редакција

Како да ја корегирате или потврдите годишната даночна пријава за УЈП

Редакција

Полицијата поднесе кривична пријава против клубот „Аватар“ во Струмица, каде што се правеа журки без маски

Редакција