еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полицијата врши претрес во Судски совет

По наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, полициски службеници попладнево постапуваат во Судскиот совет, информираат од Јавното обвинителство.

Од таму велат дека постапувањето на полицијата не е поврзано со формираниот предмет за црната листа на САД, туку се однесува на известување од МВР во кое е побарана обвинителска наредба за обезбедување на записници од седница на Судскиот совет во врска со мандатот на Весна Дамева, со цел проверка на евентуални елементи на кривично дело.

Дамева пред да ја поднесе оставката имаше обид да си го продолжи мандатот како претседател на Судскиот совет во време од 8 месеци, колку што ѝ траеше прекинот во двегодишниот мандат, откако лани на незаконски начин беше сменета од функцијата, а беше вратена кога ја доби правната битка пред Управниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева си поднесе оставка

Каков имот пријавила Весна Дамева, претседателката на Судскиот совет, која поднесе оставка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба на Ковачевски и Петков со државниот секретар на САД, Блинкен

Редакција

Бензините поскапуваат за половина, дизелот за 1,5 денар за литар

Редакција

Законот за попис помина во прво читање

Редакција