Од вчера со Европската Унија (ЕУ) преседава Полска.
Приоритет на земјата и е безбедноста и има намера да работи на тоа Европа да биде побезбедна.
Полска, според најавите, ќе биде насочена кон зајакнување на надворешната, внатрешната, кибер, економската, енергетската, прехранбената и здравствена безбедност на ЕУ и нејзините граѓани, максимално зголемување на поддршката за Украина, одржување на сегашните политики на ЕУ кон Русија и Белорусија и на зајакнување на безбедноста и отпорноста на Унијата и нејзините партнери.
Проширувањето на Унијата исто така претставува геополитички приоритет за Полска и таа „има намера да заземе избалансиран пристап, особено за Западниот Балкан“.
Според преставници на земјата, Полска за време на своето претседателство ќе обезбеди „соодветна брзина и квалитет на проширувањето на Европската Унија кон исток и југ“.
Се очекува земјата да посветени посебно внимание на пристапниот процес на Украина.
Полска се надева оти за време на шестте месеци додека ќе преседава, Украина да отвори барем еден кластер, Молдавија исто така да го започне преговарачкиот процес по кластери, а Албанија, Србија и Црна Гора да отворат преговори по нови поглавја.
За Македонија која треба да усвои уставни измени за да ги внесе Бугарите во македонскиот Устав, за да ги почне преговорите со ЕУ, нема ништо ново
Фото: Унсплеш