еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Помогнете на семејства кои не се во можност да отидат на одмор

Од 2017 година група на ентузијасти преку Фејсбук групата Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце испратија на бесплатно летување бројни семејства кои не можат да им овозможат одмор на своите деца од различни причини.

Станува збор за социјално загрозени семејства, самохрани родители, семејства кои имаат деца со хендикеп…

Освен бесплатно сместување во Македонија, Грција, Црна Гора, Албанија, благодарение на оваа инцијатива семејствата добиваат и бесплатен превоз, како и други поволности кои им се потребни.

Изминативе години подршка на инцијатавата дадоа многу хумани луѓе кои нудат приватно сместување во Македонија, превозници, туристички агенции…

Сепак интерсот кај засегнатите семејства е голем, а подршката од тие што можат, недоволна.

еМагазин ги повикуваа сите тие кои што можат да се вклучат во оваа инцијатива, лица кои нудат приватно сместување во Дојран, Охрид, Преспа, но и на Маврово, Попова Шапка… туристичките агенции кои со приклучувањето во оваа инцијатива ќе покажат дека се вистински општествено одговорни, компании кои ќе можат да спонзорираат бесплатен одмор, превозници кои ќе обезбедат бесплатен превоз, ресторани кои ќе понудат бесплатна храна…

Од сите се Вас се бара многу малку, а на некое семејство ќе му дадете многу.

Инцијативата е на „Куќа на среќата“, која организира и хуманитарни настани, собирање на храна, покуќнина и друг вид средства за основна егзистенција.

Семејствата кои не се можност да си дозволат одмор, треба да ја пополнат апликацијата за пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 111 заболени од Ковид-19

Редакција

Вкупно 5.408: Од Ковид-19 починаа 10 лица

Редакција

Израелската армија тврди дека Хамас држи 126 заложници

Редакција