еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради зголемена смртност на Кардиохирургија разрешен директорот Шокаровски

Министерот за здравство Илир Демири го разрешил медицинскиот директор на Клиниката за кадриохирургија, Марјан Шокаровски, поради зголемената смртност.

„До мене стигнаа наоди дека е зголемена смртноста на Клиниката. Формирав Комисија и извештајот го добив во петокот и немаше никакви значајни отскокнувања.

Но, денеска добив друг податок, дека за 170 пациенти не се поднесени информации во „Мој термин“ во однос на отпусни писма и умреници, така што претпоставувам дека таа бројка на смртност може да се промени,“ изјави денеска Демири.

Причина плус за разрешувањето на Шокаровски биле и нарушените меѓучовечки односи на Клиниката.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Започна финалното одбројување до големото отворање на Diamond Mall – новиот трговски центар во строгиот центар на Скопје

Редакција

Детален преглед на состојбата во болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Се уште нема конкретна иницијатива за уставните измени, вели Џафери

Редакција