еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Почетна цена за закуп е 4.000 евра: Ќе се се заживува комплексот „Македонско село“

Деновиве со почетна цена за месечен закупот од 240.000 денари или околу 4.000 евра за целиот комплекс, ќе биде објавен оглас за избор на концесионер за „Македонско село“, најави директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски во интервју за 360 степени.

Огласот за комплексот, лоциран на Водно, ќе биде поделен на четири дела, што ќе овозможи различни концесионери да се пријават за различни сегменти од комплексот.

Првиот, вториот и третиот дел ќе опфаќаат по три куќарки, додека четвртиот дел ќе вклучува три ресторани.

Доколку еден економски оператор ги закупи сите четири дела, почетната цена на закупот ќе биде 240.000 денари месечно.

Изборот ќе се врши преку електронско наддавање преку Министерството за финансии, а договорот ќе се склучи на период од 15 години.

Дополнително, ќе биде обезбедена банкарска гаранција како мерка за сигурност дека концесионерот ќе биде сериозен и ќе ги исполни обврските.

Комплексот не функционира од 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Москва: Нападот на Украинците на руска територија не создава добри услови за продолжување на мировните преговори

Редакција

Просечната плата во јуни 41.939 денари

Редакција

Задолжителен ПЦР-тест за патниците од Косово, кои поминуваат низ Македонија

Редакција