еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Почина 7-месечно бебе од Вевчани, во болница било донесено во тешка состојба

Министерството за внатрешни работи соопшти дека рано изутринава во 01:04 часот во СВР – Охрид било пријавено дека во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое вчера попладне околу 16 часот било донесено во болницата од неговата мајка.

Бебето, според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење веднаш била извршена операција.

Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.

По насока на јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција.

-Се преземаат мерки за расветлување на настанот, велат од СВР – Охрид.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програма и цени на пивото и скарата на Пивофест, кој синоќа почна во Прилеп

Редакција

(ФОТО) Граѓански марш во Тетово за почит на жртвите од пожарот во ковид-центарот

Редакција

(ВО ЖИВО) Роднини на загинатите во несреќата во Бугарија се собираат пред седиштето на “Беса транс“ во Скопје

Редакција