Денеска по кратко боледување замина еден од доајените на македонското новинарство, Предраг Димитровски (1959-2023).
Димитровски е новинар со над 30 години искуство во новинарството. Долги години работеше во дневниoт весник „Вечер“ како новинар уредник, а беше и главен уредник во весникот од 2005 до 2006 година. Беше дел од редакцијата и на дневниот весник „Дневник“ .
Потоа замина во Лустрациската комисија каде беше одговорен за односи со јавност.
Последните години од работниот век ги помина во „Република“и „Пресинг ТВ“, каде што специјалност му беа теми позврзани со односите со Бугарија. Неговите колумни предизвикуваа големо влијание и беа едни од најчитаните. Посебно беше горд на биографијата на Павел Шатев, на која активно работеше.
Димитровски е добитник на наградата за долгогодишен придонес за професионално известување во професијата од МАН.
фото: Пресинг ТВ