еМагазин
Image default
Спорт

Одржан вториот интернационален инклузивен пливачи натпревар Atlas Winter Cup 2023

Спортското друштво ИТК Македонија и пливачкиот Клуб „Атлантида“ го организираа вториот инклузивен пливачки натпревар „Atlas Winter Cup”.

Сите пливачи и пливачи со атипичен развој пливаа во име на заедништвото и солидарноста и настапуваа во сите пливачки дисциплини и возрасни категории. Инклузијата на натпреварот највисоко се достигна со штафетните трки каде пливачите пливаа во мешани тимови заедно со лицата со атипичен развој.

„Овој натпревар, пред се, ќе го поттикне масовното вклучување на младите и интеграцијата на лицата со атипичен развој, а ќе го претстави вистинскиот карактер на лицата со помалку можности. Овој е единствен натпревар од ваков тип во земјава со гости од целиот Балкан.

Се надеваме в година ќе се прошири на ниво на европски и светски натпревар. Ваквите настани ќе помогнат кон развој на спортот во целост, а особено кај параолимписките спортови“, вели Радован Вељановски, главен координатор по пливање за лицата со атипичен развој.

Сузана Стојановска, претседател на Здружението за интеграција на лицата со Даунов синдром „Доза Среќа” и мајка на дете со Даунов синдром, неизмерно е среќна што лицата со атипичен развој, на вакви настани, може да покажат дека и тоа како умеат да се натпреваруваат.

„Би сакала да ставам акцент на подобрување на целокупното здравје кое го имаат лицата со посебни потреби од редовните тренинзи. Преку вклучување во спортот значајно го зајакнуваат својот карактер, дисциплина и самодоверба која им дава мотив да продолжат со продуктивни активности во секојдневието.

Социјалниот и инклузивен карактер на овој натпревар е од уште поголемо значење затоа што доколку нашето општество продолжи со поголема интеграција на маргинализираните групи, може да се надеваме на посветла иднина“, додава Стојановска.

Претседателот на Спортското Друштво ИТК Македонија, Мартин Мојсовски апелира да се направат промени во начинот на размислување кон проблемите и сопствената емпатија.

„Сакаме да го промениме начинот на размислување кај сите нас, да се обидеме да ги гледаме проблемите преку призмата на другите и да ја развиеме сопствената емпатија. Не постои човек кој самостојно без никаква причина сака да се оттргне од општество и да опстојува сам. Ние луѓето сме социјални суштества и најдобро функционираме заедно.

Една од нашите цели е да се обидеме што помасовно да ја развиеме свеста за сопствената и групната благосостојба. Спортот е нашата алатка и ја корисите максимално за зголемен бенефит на целото општество“ изјави Мојсовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По осумчасовна голгота на аеродром, Австралија не му издаде виза на Ѓоковиќ – денеска судење по жалбата

Редакција

Во избор на ЕСПН, македонскиот дрес најубав на Европското првенство во фудбал

Редакција

Македонките со сребро од Балканијада

Редакција