еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Хуманитарен базар за бездомни животни

Ветеринарната амбуланта „Вет свет“ денеска го организира петтиот јубилеен базар во кафе бар Макка на бул. Св Климент Охридски, Скопје, со почеток во 12 часот.

На овој предновогодишен благотворителен базар, како што велат организаторите, целта е да се сврти вниманието кон бездомните миленици како и нивната благосостојба.

„Целта е  да допринесеме за будење на свеста во нашето општество за подобра грижа и благосостојба како на домашните така и на бездомните животни.

Животните кои ги гледаме секојдневно по нашите улици кои се продукт на нашиот брз начин на живот, а најчесто тие се оние кои остануват во сенка.

Донираните средства на овие базари секогаш ги реализираме во бесплатни услуги за животните на кои им треба итна помош,“ велат од таму.

Оваа година базарот ќе биде во духот на уметноста и мотото е „Затоа што големите промени доаѓаат со мали чекори“.

„Секојдневно сме сведоци на брзото темпо со кое се движиме низ наметнатите обврски, ја губиме смислата за креативност во нас. Истото се случува и со најмладите на кои ние возрасните треба да им дадеме добар пример.

Оваа година ќе се забавуваме заедно, ќе изработуваме накит од монистри, ќе цртаме на чаши и ќе изработуваме картички со колаж техника, а за убава атмосфера на настанот со специјална музичка селекција ќе се погрижи DJ Tecktone.

Заедно преку забава и изработка на подароци да им дадеме поттик и на нашите деца дека се дел од нешто поголемо и да го искусиме дарот на хуманоста,“ велат од „Вет свет“.

Од таму потсетуваат дека досегашните предновогодишни базари биле на различни теми и имале убав успех во поттикнување на хуманоста кај нашите сограѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Во првите девет месеци 72 компании кои котираат на Берзата оствариле добивка, а 18 загуба

Редакција

Оне.Вип го доби тендерот на Здравствен дом Скопје за фиксна телефонија вреден 134.000 евра

Редакција

Контролирајте го квалитетот на воздухот во својот дом, каде и да сте

Редакција