По поразот на СДСМ и “Коалицијата за европска иднина“, од која дел е и ДОМ, претседателката на партијата Маја Морачанин поднесе оставка.
– Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ.
Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ. Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија.
Честитки до претседателката Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, напиша таа на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи поднесоа оставки
ДУИ има повеќе пратеници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ има 58
(Фото) ВМРО-ДПМНЕ прва, СДСМ втора, ДУИ трета: Официјални податоци на ДИК
Фото: Морачанин/Фејсбук