Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска од страна на Судот во Босна и Хецеговина е осуден на една година затвор, а доби и шест годишна забрана за бавење со политика.
Тој е прогласен за виновен поради непочитување и неспроведување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, односно за поткопување на уставниот поредок на Босна и Херцеговина и непочитување на членот 8 од Дејтонскиот договор.
Денешните пресуди за Додик се првостепени, па тој ќе има право на жалба.
Додик, ниту неговиот адвокат, не присустува на изрекувањето на пресудата.
Второобвинетиот во случајот, Младен Лукиќ, в. д. директорот на Службениот весник, е ослободен од обвинението.
Фото: Додик/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.