еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приведени двајца менаџери на угостителски објекти во Скопје, пуштале музика во денови на жалост

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека двајца одговорни во угостителски објекти во Општина Центар во Скопје се приведени синоќа, бидејќи била пуштата музика во деновите на жалост.

– На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик.

Во текот на вчерашниот ден во угостителски објекти каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост.

Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и одговорните лица се лишени од слобода, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави во врска со чл. 387 од КЗ, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Славеле роденден: Двајца приведени за огнометот во Градски Парк

(Видео) Огномет за време на денови на жалоста во Скопје, граѓаните згрозени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот крал на Обединетото Кралство ќе биде Чарлс Трети

Редакција

Зголемување за 4,8 отсто: 88 смртни случаи од Ковид-19 минатата недела

Редакција

Физиотерапевтите на Клиниката „Жан Митрев“ достапни за виртуелни консултации

Редакција