Тројца од осумината приведени за сквернавењето на македонското знаме синоќа добија осумдневен притвор, по скратена постапка, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор добија заради опасност од бегство и повторување на делото.
Претходно Основното јавно обвинителство Скопје за овие три полнолетни лица поведе постапка за кривичното дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик и побара притвор за нив.
За уште едно малолетно лице ќе се води редовна постапка според Законот за правда за децата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Уништено македонското знаме на прослава на албанското знаме во Скопје
-Осомничените на 28.11.2024 година околу 20:00 до 23:00 часот на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, по завршување манифестација на плоштадот Скендербег по повод прослава на денот на албанското знаме, со излагање на подбив на национални симболи, односно со палење, уништување и кинење на државното знаме, предизвикале омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, информираа од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Момче завиткано со албанското знаме ја откорнало таблата на Конзулатот на Србија во Куманово