Станика Китановска (64) од кумановското село Цветишница, која беше пријавена за исчезната на 27. декември лани, е пронајдена почината.
Нејзиното тело е пронајдено вчера во долот на селото, информираа од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Нејзиното тело не било во фаза на распаѓање, но на него имало траги од напади на животни.
Телото е предадено на семејството.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.