еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Просечната каматна стапка на депозитите во декември лани, 1,79%

Податоците на Народната банка покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните депозити во декември лани била 1,79 проценти, со месечно и годишно зголемување за 0,05 процентни поени и 0,93 процентни поени, соодветно.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити остварила месечен и годишен раст од 0,09 процентни поени, односно 1,03 процентни поени, а изнесува 2,37 проценти.

Кај вкупните депозити на корпоративниот сектор, каматната стапка е со пад од 0,17 процентни поени на месечно ниво и изнесува 2,06 проценти.

Кај новопримените депозити во овој сектор има зголемување на каматната стапка за 0,48 процентни поени, односно изнесува 2,19 проценти.

Раст од 0,07 процентни поени има кај каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата и таа изнесува 1,76 проценти.

На новопримените депозити на домаќинствата каматната стапка изнесува 2,42 проценти  и е намалена за 0,04 процентни поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во декември лани просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, 5,02%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исклучителен успех за вината на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на „Мундус Вини 2024“

Редакција

ИДСЦС спроведе симулациска вежба за поплави во Општина Кавадарци

Редакција

Да помогнеме: Четиригодишниот Љупче е роден со кифосколиоза, состојбата се влошува треба да се оперира во Турција

Редакција