Од МВР информираа дека на 12.01.2024 година во 19.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Порој, тетовско, во објект на градежна фирма, А.Н. (43) од Р. Албанија, кој бил вработен во фирмата, бил пронајден починат.
Oд страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.
Увид бил извршен од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. Телото на починатиот е предадено на обдукција, велат од таму.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.