Призма објави дека видео-платформата Рамбл на канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло, Крис Павловски, кој важи за близок до американскиот претседател Доналд Трамп, отворила подружница во Македонија.
Под името „Рамбл клауд“ тоа е регистрирана на адреса во центарот на Скопје, а нејзини управители се Павловски и Брандон Александроф.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот Христијан Мицкоски неодамна по средбата со Павловски во Вашингтон, информираше дека акционери во Рамбл се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс, новиот потпретседател на САД, а капиталот на Павловски од Форбс е проценет на 1.2 милијарди долари.
Според Призма, Павловски одамна е присутен на македонскиот пазар преку друга своја фирма, Космик Девелопмент. ИТ компанијата почнaла да работи во 2013 година прво во Битола, а сега има канцеларии и во Скопје.
Фото: Влада