Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листата на должници за мај, која се однесува за долгови доспеани до 31.01.2024 и неплатени до 30.04.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се најголемите должници на новата Листа на УЈП
На Листата се објавени 1.918 должници – правни лица (повеќе за 87 од претходната листа) и 3.790 физички лица (повеќе за 111 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.610.197.639 денари, (повеќе за 233.714.679 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.431.812.675 денари, (повеќе за 215.683.559 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 178.384.964 денари (повеќе за 18.031.120 денари од претходната листа).
Целата листа ОВДЕ.