Реплек АД Скопје бележи тренд на пораст во оперативните приходи. Истите се во рамки на очекуваното и лани тие изнесувале 2.004.170 илјади денари, што е зголемување за 7% во однос на 2023 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.
-Оперативните расходи согласно предвиденото изнесуваат 1.741.384 илјади денари и бележат зголемување од 8% во однос на истиот период претходната година.
Приходите од продажба како дел од вкупните оперативни приходи изнесуваат 1.948.035 илјади денари (31,67 милиони евра) и бележат раст од 23% во однос на истиот период минатата година.
Консолидираната добивка пред оданочување изнесува 257.741 илјади денари (4,19 милиони евра) и бележи намалување од 12% во однос на истиот период минатата година.
Профитната маржа како процент од приходи од продажба изнесува 13% и во однос на истиот период во 2023 бележи намалување (од 19% на 13%), велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Душан Пецовски, генералниот директор на Реплек купи акции на компанијата
Коста Котески, член на УО на Реплек, купи акции на компанијата
Настел продаде нови акции на Реплек