К.П. од Пробиштип, кој бил пријавен за исчезнат, синоќа околу 21:30 часот бил пронајден починат.
Според првичните информации лицето е починато од природна смрт, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од Секторот за внатрешни работи Штип информираа дека Благој Стојанов од Пробиштип го пријавил К.П. од Пробиштип како исчезнато лице. Во пријавата е наведено дека двајцата заедно биле на риболов на Злетовска Река во атарот на селото Жиганци, од каде К.П. исчезнал и му се губи трага.
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.