На почетокот на ноември, СДСМ ќе добие нов состав на Централниот одбор (ЦО) од којшто ќе потекнува и целокупното партиско раководство, најави лидерот Венко Филипче во вечерашното интервју за ТВ Сител.
„Секојдневно имам средби со многу луѓе од општинските организации во државата. Ги започнавме веднаш и формалните процеси за да се постави партиското раководство, односно изборните конференции по општинските организации за да се изберат нови делегати на Конгресот и да се предложат нови членови на ЦО.
Тие општински конференции завршуваат оваа недела и со новоизбраните конгресни делегати ќе го организираме новиот состав на Конгресот на почетокот на ноември на кој треба да се избере новиот ЦО на партијата од којшто ќе потекнува и целокупното ново партиско раководство,“ изјави Филипче.