еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се испорачуваат одобрените учебници од прво до седмо одделение, од МОН тврдат дека учениците ќе ги имаат сите учебници пред почетокот на новата учебна година

Од Министерството за образование и наука (МОН) информираат дека во тек е испораката на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024-2025 година.

Процесот ќе биде заокружен на почетокот на јуни, така што учениците ќе ги имаат потребните учебници навремено, пред стартот нновата учебна година, тврдат од таму.

-Постапката за печатење на новите учебници започна пред две недели, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебна електронска апликација на министерството. Прашањето за новите учебници го решивме системски и долгорочно.

Во меѓувреме, МОН заедно со другите надлежни институции ќе продолжи да вложува во изработка на нови наставни програми и учебници, затоа што тоа е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно – образовен процес, велат од МОН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Османи и Милков го посетија Пендиков во болница

Редакција

Во Кривичен пристигна супервештачењето за несреќата кај Ласкарци, судењето продолжува на 24 јануари

Редакција

Нови 326 случаи на Ковид-19 од 2.562 тестирања

Редакција