еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Што значи персонализирана медицина за онколошките пациенти

Научниот напредок во разбирањето на ракот во последните години доведе до рапидно зголемување на лековите за „таргетирана терапија“ на ракот. Токму ваквата терапија или наречена уште персонализирана медицина, е најсоодветниот начин да се најде адекватен лек којшто е насочен кон специфичната болест според индивидуалните карактеристики на секој пациент одделно.

Индивидуалниот пристап кон дијагноза и третман значително ја зголемува ефикасноста на лекувањето, а појавата на овие лекови им го продолжуваат животот на многу пациенти.

Претходно, повеќето антиканцерогени лекови беа цитотоксични агенси, чија задача беше да ги убијат клетките на ракот. Таквите лекови, сепак, ги убиваат и здравите клетки кои се размножуваат побрзо, предизвикувајќи сериозни несакани ефекти како гадење, опаѓање на косата и зголемен ризик од инфекции.

Спротивно на тоа, персонализираната терапија и современите лекови за рак се многу попрецизни оружја, бидејќи тие се насочени кон специфични молекуларни промени вклучени во растот на туморот. Ова значително ги намалува несаканите ефекти и затоа фокусот на онкологијата интензивно се префрла кон обезбедување индивидуално соодветна терапија за секој пациент.

Персонализираната терапија се заснова на фактот дека различни пациенти со иста дијагноза можат да одговорат на иста терапија на различни начини. Еден лек може да биде исклучително ефикасен кај еден пациент, но истиот лек, и покрај истата дијагноза, може да не доведе до посакуваниот резултат кај друг пациент.

Основната цел и концепт на персонализираната медицина е да обезбеди индивидуално соодветна терапија на секој пациент. Канцерот е исклучително сложена болест, а туморите се разликуваат едни од други според местото на нивното потекло, околното ткиво и генетските предиспозиции. Илјадници мутации се присутни во генетскиот материјал на клетките на туморот.

Знаеме дека, ракот на дојката е различен од ракот на белите дробови, а ракот на мозокот е различен од ракот на коските, но исто така во групата болести која се нарекува рак на бели дробови има и многу подгрупи на болести кои имаат различни карактеристики и следствено се третираат со различни терапевтски постапки. На пример, АЛК позитивниот рак на бели дробови се лечи со различни лекови за разлика од ЕГФР или РОС позитивниот рак. Овие прецизни разлики во туморите се откриваат со помош на персонализираната медицина и геномските тестирања

Токму поради оваа причина, во персонализираната медицина, на прво место е генетската анализа, со чија помош се идентификуваат специфичните карактеристики на настанатата малигна болест. Генетската анализа овозможува таргетирана терапија, насочена кон индивидуалната манифестација на болеста, но и попрецизна проценка на понатамошниот тек на болеста. Извештајот од тестот ќе покаже кои лекови се одобрени за даден тип рак, а кои за друг тип рак кои делуваат на пронајдената мутација, што потенцијално дава подобар исход од лекувањето.

Мутациите во геномот „го поттикнуваат“ туморот да метастазира и расте, а геномското профилирање е тоа што помага да се најде мутацијата и да се третира со адекватен лек. Развојот на молекуларната биологија овозможи развој на персонализиран онколошки третман.

Персонализираната медицина, го става пациентот во самиот центар на здравствениот систем. Со користење на модерна технологија може да се дознае повеќе за секој специфичен тумор и што е специфично за болеста на секој поединечен пациент, користејќи ја таа специфичност во подобрена грижа за секој пациент.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Доктор Даниловски прогнозира крај на пандемијата во мај, ќе се вакцинираат само ризичните групи

Редакција

Украина ќе добие 50 милијарди евра финансиска поддршка од ЕУ

Редакција

Убава вест: 1.440 оздравени од Ковид-19

Редакција