еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Села: Алијанса на Албанците не е на пазар и не се продава, оди сама на избори

„Алијансата за Албанците (АА) не се продава. Не е на пазар, а не може никој, без да знае и која е цената, да ја продава. Затоа нашиот последен став што го имаме во партијата, во Централното претседателство на партијата, е дека Алијансата за Албанците оди сама на избори“, рече денеска на прес-конференција поранешниот претседател на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кој е против ставот на претседателот на АА, Арбен Таравари, партијата на престојните избори да се приклучи на албанската опозиција.

„Со статутот на партијата, индивидуа, без разлика дали е претседател на партија или било која функција да ја извршува, не може да носи одлуки. Тој може само да предлага. Органите кои носат одлуки се колективните органи, како што е Централното претседателство на партијата“, порача Села.

На прашањето што значат потписите што ги собира Таравари за поддршка, Села одговори дека „тоа само кажува за уште длабоко кршење на статут на партијата.“

„Потписи? – Не се вистинити. Тоа е голема лага. Само да се вметне несигурност и недоверба меѓу луѓе кои делат ист идеал и кои затоа се групирани во оваа политичка партија. Алијансата за Албанците не е партија на потписи.

Статутот на партијата вели може да се собираат потписи за да се свика Централно претседателство. Ама за тоа нема потреба, бидејќи јас сум тука и молам цели два месеца да дојдеме на правиот пат кој треба да донесе до свикување на Централното претседателство“, рече Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лога и Села контра Таравари на изборите Алијанса за Албанците да настапи со албанската опозиција, Меџити го поддржува

Таравари на изборите сака Алијанса за Албанците да се приклучи на албанската опозиција

Фото: Села/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тело на маж извадено од Вардар кај Огњанци

Редакција

Нови 1.295 случаи на Ковид-19 од 3.315 тестирања

Редакција

Обнова на пистата на скопскиот аеродром од 28 март, ќе трае 50 дена без затворање

Редакција