еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Со онлајн работилница со Илина Арсова започнува „РЕсет“ платформата за добросостојба на Реплек – приклучете се!

Вечерва со почеток од 19:00 часот започнува онлајн работилницата на која нашата истакната уметница и планинарка Илина Арсова ќе ги сподели своите животни навики и мотивациски тактики за здраво тело и дух, а присутните ќе можат директно да комуницираат со Арсова и да постават прашања или да споделат искуства и мислења.

Арсова е позната по енергичниот дух, љубовта кон природата и активниот начин на живот.

Покрај другото, таа е отворена кон промени и прифаќање на предизвици кои нудат нови можности и поместуваат граници. За мотивот за освојување на многу планинарски врвови, меѓу кои и Монт Еверест, искачувањето на многу непристапни планински места и креирање на цврст и одлучен дух, вечерва сите заинтересирани ќе можат да чујат од прва рака, но и да поразговараат со Арсова, на следниот линк: t.ly.

Со онлајн работилницата со Илина Арсова започнуваат активностите во рамките на платформата „РЕсет” за поттикнување на ведар дух, здраво тело и ментална сила, односно добросостојба. „РЕсет“ е во основата на визијата преку која компанијата сака да јa поттикне и промовира добросостојбата на лично и колективно ниво, поврзувајќи ја оваа платформа директно со кредото на компанијата „За мое добро“.

Платформата „РЕсет“ ќе иницира низа активности достапни за јавноста, преку кои ќе се обиде да мотивира и да поттикнува промена на навиките и однесувањата на луѓето за добросостојба.

Стресниот и брзиот начин на живот остануваат сериозен фактор за нарушување на човековата добросостојба, што упатува на тоа  дека грижата за здравјето е врвен приоритет, па оттука „Реплек“ преку платформата „РЕсет“ креира простор за вклучување на секој граѓанин кој сака да го промени својот начин на живот и да го подобри своето ментално и физичко здравје.

По работилницата со Илина Арсова, планирани се неколку настани за добросостојба во текот на годината, чија цел е да едуцираат, мотивираат и да поттикнат промена кај луѓето, преку животното искуство на инспиративни личности од различни професии.

Темите на работилниците ќе бидат од различни области, односно исхрана, физичко и ментално здравје и слично.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

19 починати од Ковид-19: Шест од Тетово, пет од Гостивар, три од Куманово

Редакција

Од Ковид-19 починале 13 лица, најмладиот на 33-годишна возраст

Редакција

Нови 135 случаи на Ковид-19, во Скопје 76

Редакција