Факултетот Хајделберг од Скопје е единствената образовна институција која што овозможува дуален пристап во високото образование, преку комбинација на студии во Македонија и еден семестар во Германија и диплома како да сте студирале во Германија.
Ваквиот комбиниран модел овозможува студентите да се стекнат со двојна диплома од високообразовните институции во двете држави, со што Хајделберг обезбедува врвно образование според меѓународни стандарди.
Програмата претставува значаен чекор во развојот на високото образование, овозможувајќи им на студентите да ги искористат придобивките од двата образовни системи, со посебен акцент на германското искуство во завршната година од студиите.
Во последните шест месеци во Германија студентите добиваат можност да се интегрираат во германскиот образовен систем, а притоа да стекнат различни перспективи и да ги прошират своите можности за напредок во кариерата. Оваа завршна фаза од студиите им овозможува продлабочување на стручните знаења во врвна академска средина преку користење современ образовен пристап и технологии во наставата.
Ваквиот хибриден и дуален модел на студирање ги поврзува теоретските знаења со практичната примена во реална работна средина, создавајќи професионалци подготвени за глобалниот пазар на труд.
Хајделберг создаде меѓународна програма за стипендии, преку која домашните и странски бизнис ентитети во земјава овозможуваат стипендија за квалитетно образување на кадар кој потоа би го ангажирале во работен однос. По дипломирање на Хајделберг, вработувањето е загарантирано во една од домашните или странски компании во бизнис, финансискиот сектор или ИТ индустријата.
Со овој метод Факултетот Хајделберг се поставува како интегративен фактор меѓу високообразовните кадри, пазарот на трудот и бизнис заедницата, поврзувајќи ги во систем што отвора можности и решава горлив проблем.
Факултетот Хајделберг од Скопје, со квалитетот на програмите и двојната диплома претендира да се позиционира како лидер во однос на иновативните образовни модели, нудејќи уникатни програми кои комбинираат учење, пракса, меѓународно призната диплома и корпоративна соработка.
ПР-објава