еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Сообраќајниот хаос почнува од утре: Генерална проба за Советот на ОБСЕ

Булеварите „Партизанска“ и „Илинденска“ утре ќе бидат затворени за сообраќај поради генерална проба во врска со 30. Министерски совет на ОБСЕ.

„Поради одржување на генерална проба во врска со 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

За сообраќај ќе бидат затворени булеварот Илинден од крстосница со булевар Свети Климент Охридски до крстосница со улицата Љубљанска кај „Сити мол“, како и булевар 8 Септември од крстосница со улица Скупи до крстосница со булевар Партизански Одреди“, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Како ќе се намалува заштитата од вакцините, така ќе се појавуваат нови случаи преку целата есен и зима

Редакција

Убиецот Игор Спасов е екстрадиран од Бугарија во Македонија

Редакција

Виз ер ќе лета од Скопје до Барселона до 26 октомври

Редакција