еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Назим Буши, старо-новиот заменик министер за внатрешни работи

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на замениците министри во новата Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се старо-новите заменици-министри во Владата

Кој е Назим Буши

Назим Буши е старо-новиот заменик министер за внатрешни работи.

Роден е на 29.12.1967 година.

Во периодот од 1982 до 1984 година завршил средно училиште во гимназијата “Зеф Луш Марку” – Скопје.

Во периодот од 1984 до 1986 година завршил воена школа во “Рајловац”- Сараево, Босна и Херцеговина.

Во тој период завршил и воена Академија во Задар, Хрватска.

Во 2004 година дипломирал на Педагошки Факултет во Скопје.

Во периодот од 2009 до 2011 година завршил постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет “Кирил и Методиј” – Скопје.

Тој е и магистер по медиуми и комуникации.

Работно искуство и политичка кариера

Во периодот од 1987 до 1991 година работи на воениот аеродром на ЈНА.

Во периодот од 1992 до 2001 година работи на воениот аеродром Петровец -Скопје.

Во периодот од 2002 до 2006 година работи во Републичкиот судски совет за безбедност во сообраќајот при МВР.

Во периодот од 2002 до 2004 година е член на Управниот одбор во ПИОМ.

Во периодот од 2004 до 2006 година е заменик директор на Агенцијата за спасување и заштита во Влада на РМ.

Бил и потпретседател на Управниот одбор на Гинеколошката болница Чаир – Скопје.

Од 2009 до денес е надворешен советник на градоначалник на скопската Општина Чаир.

Од 2010 до 2017 година бил потпретседател на Одборот на директори на Македонски Телеком.

Во 2017 година бил главен оперативен директор на Македонски Телеком.

Од 2018 до денес е претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком.

Приватно

Тој е оженет и е татко на три деца.

Во неговата биографија на сајтот на МВР е објавена и неговата плата. Тој во МВР зема нето плата од 79.798 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Башким Хасани, старо-новиот заменик министер за одбрана

Фото: Фејсбук/Буши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако ги повредуваат правата на граѓаните, Пендаровски нема да ги потпише законските измени за Бехтел и Енка

Редакција

Со петтиот пакет за последен пат се дава помош за плати, за февруари и март предвидени 1,92 милијарди денари

Редакција

За што се работи во „Попис“, случај на СЈО за кој зборува Заев во новата „бомба„

Редакција