еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Спасен маж кој бил завеан од снегот во селото Радња на Кожув

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека мажот кој изминатите денови беше завеан во кавадаречкото село Радња на планината Кожув вчера е евакуирано до својот дом.

Тој пред два дена пријавил дека е завеан од снегот во својата викендичка над Радња, во месноста Гатеново на Кожув, но тогаш одбил да биде пренесен до Кавадарци со теренски четирицикл. не сакајќи да ги остави двете кучиња во куќата.

Во текот на вчерашниот ден е извлечен со трактор со специјализирана опрема.

„Регионалниот ЦУК Кавадарци известува дека екипа од Зимската служба за одржување улици и патишта на Општина Кавадарци вчера со трактор со специјализирана опрема – нож за сечење дрвја и едно теренско возило – организирала и извршила акција за да го извлече лицето.

Со себе имале и човек кој го познава добро теренот, бидејќи се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга.

Патот дотаму е земјен, а висината на снежната покривка е околу половина метар и имало многу искршени гранки и дрвја од тежината на снегот што го попречувале движењето по планинскиот земјен пат“, информираа од ЦУК

Вечерта мажот веќе бил во својот дом и е во добра состојба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 411 случаи на Ковид-19, оздравени 210, нема починати

Редакција

МНР официјално и препорача на Владата да го прифати „францускиот предлог“

Редакција

ЕУ го одобри шестиот пакет санкции против Русија

Редакција