еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Средбата на Сиљановска со преставници на здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија предизвика „бура“ во Грција

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова вчера имаше средба со делегација од Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, што предизвика бурни реакции во грчките медуми, а регираше и опозициската СИРИЗА.

Од нејзиниот Кабинет информираа дека тие ја информирале за подготовките на традиционалното одбележување на 75-годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76-годишнината од насилното прогонство на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

-Судбината и трагедијата на 30.000 деца бегалци и нивната голгота не смее да се сокрива и релативизира, стои во информацијата за средбата.

Од СИРИЗА во соопштение го повика грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и владата да дејствуваат по новата „провокација“ на Сиљановска Давкова.

„Ја повикуваме владата на Мицотакис конечно да се разбуди од дипломатската летаргија во која западна и веднаш да го интернационализира прашањето, со цел владата на Северна Македонија да се соочи со своите одговорности, кои се однесуваат и на нејзиниот процес на пристапување во ЕУ и на воведувањето санкции за тие кои го прекршуваат Договорот од Преспа според законодавството на САД од 2021 година.

Владата конечно мора да сфати дека е императив да дејствува, со цел државното и политичкото раководство на Северна Македонија конечно да се усогласи со меѓународното и правото на ЕУ и да престане да се препушта на евтин и лажен национализам“, стои во реакцијата на СИРИЗА, посочувајќи дека „Нова Демократија сноси тешка одговорност за штетите што ги нанесе на нашите национални интереси, во име на својата неодговорна надворешна политика, избегнувајќи сиве овие години секакво активно вклучување во Договорот за да ги одржи внатрепартиските баланси“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција го отвори прашањето за Договорот од Преспа пред Европскиот совет и ги обвини Мицкоски и Сиљановска за негово непочитување

Бугарија бара ЕУ да ја потсети Македонија за францускиот предлог

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Соња Симовска, која е избрана за в.д. јавен обвинител на Јавното обвинителство

Редакција

Мицкоски од Кораб, а Груевски со сеќавање на студентските денови го честитаа Денот на независноста

Редакција

Започна со работа четврто пензиско друштво ВФП Фонд менаџмент

Редакција