еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата, вели Мицкоски

Стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, откако евроамбасадорот Дејвид Гир предупреди дека распуштањето на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители е мешање во независноста на судска власт и, ако тоа се случи, кај Европската Унија ќе предизвика сериозна загриженост.

Американската амбасадорка Анџела Агелер исто така изјави дека Судскиот совет е важно оружје кое што е потребно за вистинско трансформирање на правосудството во Македонија, во една институција која што им служи на своите граѓани, која што ги штити невините и ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот.

„За оваа коалиција гласаа 600.000 граѓани, се гледа дека тоа ништо не им значи. Истите велат дека состојбата со правната држава е катастрофална. Истите во нивните извештаи велат дека криминалот и корупцијата цветаат. Довербата во Судскиот совет и во Обвинителскиот совет е на 2-3%, се гледа дека работите не функционираат.

Логично е рационален и конструктивен човек кога гледа проблем да бара решение. Понудивме решение, океј, не се важни 600.000 гласови за амбасадорите, не е важна владината програма, ако знаат подобро решение нека дојдат да покажат, јас сум подготвен да разговараме“, изјави Мицкоски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Беќаровски со совет: Во недостиг на клексани, која храна помага против згрутчување на крвта

Редакција

На 25 јуни трет Скопје Прајд, организаторите очекуваат безбеден марш

Редакција

Починаа уште 33 лица од Ковид 19, вкупно 1.825

Редакција